Утрински Весник
Економија

Ристески: Влада работи на економски раст, зголемување на животниот стандард и раст на сите плати

Ristevski.png

Мораме сите заедно да соработуваме во рамки на Економско-социјалниот совет за да ги решаваме прашањата кои се во насока на подобрување на економијата и животниот стандард на сите граѓани“, кажа заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески на денешното гостување на емисијата „Стадион“ на радио Канал 77.

– Ние како влада и министерство за економија и труд спроведување голем број на мерки и активности за подобрување на животниот стандард и раст на сите плати. Изминатиов период се работеше на  финансиска консолидација и стабилизација по еден навистина турбулентен период во економијата изминативе 7-8 години, имаме позитивни резултати и врз истите треба да ги градиме идните економски политики – кажа заменик-министерот Ристески.

Ристески додаде дека сите прашања се дискутираат на ЕСС и сите решенија треба да произлезат преку дијалог на инволвираните страни.

– Оваа Влада не поддржува ад хок решенија за важни економски прашања, истите не треба да се административно-политикантски одлуки со кои може да се нанесат и други потреси во економијата, туку истите треба да се производ на сериозен пристап, анализа на економските параметри и преговори на инволвираните страни. Токму овој несериозен пристап од минатата политичка гарнитура во јавниот сектор создаде хаотична ситуација со платите, каде истите се регулираат со разни колективни договори, правилници и одлуки, а како резултат на тоа имаме состојби каде денес во исти ресори, па дури и во исти институции, вработени на исти позиции да имаат различни плати. Во делот каде ние сме работодавач, досега потпишани се колективни договори со кои на најголемиот број од вработените во јавниот сектор им се зголемија платите во повеќе сектори (образование, здравство, МВР, култура, социјалните центри…), а остануваат околу 7.300 вработени во министерствата. Ние како Влада предложивме скалесто зголемување и формула со која до 2028 година и на овие вработени би им се зголемила платата за околу 40 проценти – додаде Ристески.

Можете да прочитате

Мицкоски: Податоците за индустриското производство се потврда за напорната работа, уште подобри резултати во периодот што следи

СДСМ: Платите на работниците треба да се покачат сега а не за две години

Гутереш предупредува на сериозна финансиска криза во Обединетите нации