Утрински Весник
Македонија

Приведени двајца турски државјани поради криумчарење мигранти

Migranti.jpg

Денеска (31.01.), полициски службеници ги лишија од слобода лицата С.А.О.(35) и К.Х.(32), двајцата државјани на Република Турција, поради сомнение за сторено кривично дело криумчарење мигранти.

Околу 02:30 часот, на автопатот Гевгелија–Скопје, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица сопреле патничко моторно возило „шкода октавија“ караван, со скопски регистарски ознаки, сопственост на рент-а-кар компанија, управувано од С.А.О., во кое како сопатник се наоѓал К.Х.

При извршен преглед на возилото, пронајдени се четири илегални мигранти од Египет, на возраст од 15 до 35 години.

По наредба на јавен обвинител, двете лица се задржани во Полициската станица Гевгелија, додека мигрантите се сместени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“.

По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Можете да прочитате

Уапсени двајца насилници, претепале 52-годишник од Охрид и му украле пари и накит

Кривична пријава за демнење во Тетово: 27-годишник следел и снимал девојка

Мицкоски дел од Самитот на ЕПП: Европа пред економски и безбедносни предизвици