
Метео анализа на Славчо Попоски:
Поради продор на значително поладен воздух од север кој ќе продре во Македонија во недела на 1-ви февруари ќе дојде до формирање на секундарен циклонски систем над Јонско море и над јужен Јадран. Во ваква ситуација во Македонија ќе имаме нови врнежи кои полека и во повеќето пониски места (градови) ќе преминуваат во врнежи од снег каде ќе се формира мала снежна покривка. На планините и на Скијачките центри пак снежната покривка ќе се зголеми за 10 па и за повеќе сантиметри.
Сето ова ќе биде проследено и со северен ветер кој повремено ќе засилува на интензитет.
И во Скопје и околината исто така во погоре споменатиот период ќе има врнежи кои во делови од регионот и во котлината ќе преминуваат во послаби врнежи од дожд и од снег или во влажен снег. И во Скопскиот регион повремено ќе засилува ветерот од северен правец.
Што се однесува до температурите тие во недела на 1-ви февруари ќе бележат тендеинција на позначително опаѓање и максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од -2 до 7 степени а во Скопје и околината температурата ќе изнесува до околу 5 степени.
Поради очекуваните нови врнежи од дожд и снег апелирам возачите да бидат внимателни особено доколку се движат низ планинските превои.


