Утрински Весник
Македонија

Во битолската Зоолошка градина почина нилскиот коњ Берта

20260130092316 big 730x400 16.webp.webp

Јавната општинска установа Зоолошка градина Битола информира дека пцовиса нилскиот коњ Берта, роден пред 40 години во Зоолошката градина во Виена.

Од ЈОУ Зоолошка градина посочија дека нилскиот коњ Берта во своето современо живеалиште во Битола на увид на јавноста беше десет години, а претходно бил згрижен во зоолошките градини во Скопје и Белград.

– Нилскиот коњ Берта има свои потомци во зоолошките градини во Виена, Белград и Скопје. И покрај длабоката старост, Берта беше со солидно здравје, а во последниот период добиваше континуирана нега и терапија од нашиот ветеринар, но природниот крај за овој животински вид на оваа возраст беше неизбежен – информираа од ЈОУ Зоолошка градина Битола.

Можете да прочитате

Николоски: Потребни се фер услови за македонските компании и долгорочни визи за превозниците

Трагичен крај на потрагата: 31-годишниот скопјанец пронајден мртов во Охридското Езеро

ВМРО-ДПМНЕ: СДС мора да научи дека тендер, набавка или прослава за ден на независност може да биде на легален и чесен начин организирано