Утрински Весник
Свет

Лавров: Русија не знае какви безбедносни гаранции договориле САД и Украина

Lavrov.jpg

Русија нема информации за тоа какви безбедносни гаранции договориле САД и Украина, изјави за новинарите рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, пренесува ТАСС.

– Не знаеме за какви гаранции се договориле, но, судејќи по сè, станува збор за гаранции за истиот украински режим кој води русофобна, неонацистичка политика, истакна министерот.

Лавров додаде дека Москва ќе ги разгледува „реалните предлози за Украина и нема да се ориентира според јавните игри“.

Од изјавата на Лавров дадена во Абу Даби, станува јасно дека руските преговарачи ќе продолжат со комуникација во кој било формат. Политичките рамки за преговорите за Украина ги формулираше претседателот Владимир Путин и тие остануваат во сила, подвлече шефот на руската дипломатија.

Можете да прочитате

Зеленски: Му благодарам на Трамп за можноста да го заштити Киев за време на екстремната зима

Иран ја предупреди ЕУ: Одлуката за ИРГЦ како терористичка организација ќе има последици

Трамп вели дека Путин се согласил Русија да не ја напаѓа Украина една недела