Утрински Весник
Спорт

Сабаленка прва финалистка на Австралија опен

20260129110729 big 730x400 96.webp.webp

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка претпладнево ја победи Украинката Елина Свитолина во два сета во полуфиналето на Австралија опен.

Мечот траеше 1 час и 17 минути и заврши со резултат 6:2 и 6:3.

За време на натпреварот, Сабаленка не сервираше ас, направи една двојна грешка и реализираше четири од седум брејк топки. 

Свитолина имаше два ас-сервиса, три двојни грешки и реализираше една од четирите брејк топки.

Во финалето на Австралија Опен, светската тенисерка број еден ќе се соочи со победничката од мечот Џесика Пегула (САД) и Елена Рибакина (Казахстан).

Второто полуфинале од женскиот дел на Грен слемот во Мелбурн ќе почне околу 11:30 часот по македонско време. 

Можете да прочитате

Над 1.000 македонски навивачи ќе ја бодрат репрезентацијата во Копенхаген

На 18 април стартува новата сезона на Шампионатот во рели со историски возила

УЕФА ја откажа Финалисима 2026