Утрински Весник
Македонија

Хорор во Неготино: Четворица мажи силувале 13годишно девојче

Negotino.webp.webp

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години казниво според член 188 став 3 од Кривичниот зкаоник.

Осомничените на 14.02.2025 година се договориле и со возило зеле 13-годишно девојче-жртва од Неготино со кое еден од осомничените претходно се познавал. Детето го однеле локација надвор од неготинското село Криволак и сите имале сексуални односи со жртвата, удирајќи ја и навредувајќи ја, по што ја вратиле во Неготино.

Во текот на претходната постапка осомничените беа обезбедени со мерки на претпазливост, а со поведувањето на истрагата јавниот обвинител побара од судот мерките да се заменат со ефективен притвор, особено бидејќи прибраните докази до овој момент упатуваат на сомненија за тешко кривично дело за кое е запретена казна затвор од најмалку 10 години или доживотен затвор.

Можете да прочитате

Бислимоски: Нема да дозволам да биде извалкано моето име, постапките за одземање лиценци се идентични за сите субјекти во енергетиката

Средба Хоџа-Рокас: Зелената агенда и Поглавје 27 во фокус на европските интеграции

Мицкоски: Почната е постапката и обезбедено е финансирањето за 150 електрични автобуси