Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ со навреди кон работниците: СДС, Левица и ССМ вечерва на протест собраа едвај илјада лица

Vmro.webp.webp

Таканаречените борци за работнички права, или СДС и Левица заедно со нивните синдикати, поточно Сојузот на синдикати на Македонија вечерва ја покажаа својата сила, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

На улица каде вечерва решија да ги бранат работничките права и да бараат повисоки плати едвај собраа околу 1000 лица. Истите тие вечерва ги избраа улиците, наместо да седнат и на маса да се договараат. Истите тие одбија 40 проценти покачување на платите во рок од две години. Истите тие, или СДС, Левица и нивните синдикати, ССМ, се еден вид сојузници против работниците, против зголемување на нивните плати кое јасно им беше понудено. Нивниот тн. лидер Слободан Трендафилов што знае како е да се живее со минимална плата кога зема 3-4 минимални плати. Сојузот СДС, Левица и ССМ и нивните намери веќе се јасни. Тие само глумат грижат за работниците, нивните плати, нивниот стандард на живот. ВМРО-ДПМНЕ доследно и постојано се грижи за стандардот на живот на секој еден граѓанин, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Вајц: Македонија е полна со природни убавини, треба да се рекламирате да му ги покажете на светот, тоа носи и економска придобивка

Муцунски: Стратешкото партнерство со САД е суштински значајно за долгорочната политичка и економска безбедност и стабилност

Засилени контроли на сладолед и мраз, изречени 45 казни при контролите на АХВ