Утрински Весник
Македонија

Две сообраќајки за неколку часа, повредени лица во Гостивар и кај Блаце

Soobrakajka mvr policija.jpg

Две лица се здобиле со повреди во две одвоени сообраќајни несреќи што се случиле вчера во Гостивар и на магистралниот пат Скопје – Граничен премин Блаце, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Првата несреќа била пријавена на 27 јануари 2026 година во 15:20 часот во ОВР Гостивар. Според информациите, на улицата „Мара Угриноска“ во Гостивар, патничко возило „цитроен“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Р.Н. (68) од Гостивар, удрило во пешакот Н.Н. (55), исто така од Гостивар.

Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Општата болница во Гостивар. На местото на настанот бил извршен увид од страна на увидна екипа од ОВР Гостивар.

Втората сообраќајна несреќа била пријавена истиот ден околу 17:30 часот во СВР Скопје. Таа се случила на магистралниот пат Скопје – Граничен премин Блаце, во близина на самиот граничен премин, кога патничко возило „БИД“ со косовски национални ознаки, управувано од Б.Б. (41) од Република Косово, удрило во паркирано патничко возило „сеат ибица“ со кумановски регистарски ознаки.

Паркираното возило било во сопственост на Г.С. (23) од Куманово, кој во моментот на несреќата се наоѓал во возилото. Како последица на судирот, тој се здобил со телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

И во двата случаи бил извршен увид од надлежни полициски екипи, а се преземаат мерки за целосно расчистување на околностите под кои настанале сообраќајните несреќи.

Можете да прочитате

Казни до 400 до 5.000 евра за сопственици на домашни миленици, се подготвува нов Закон за заштита на животните

Четири лица уапсени во Муртино поради дрога

Лицата кои се обидоа да ја запалат синагогата во Скопје биле поврзани со Исламска држава, велат од АНБ