Утрински Весник
Спорт

Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Австралија Опен

Dzokovic gjokovic 001 678x381 1.jpg

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Австралија Опен.

Утрово, по македонско време, Ѓоковиќ играше против Италијанецот Лоренцо Мусети, кој го предаде мечот во третиот сет поради повреда на бутниот мускул откако претходно водеше со 2:0 во сетови.

За Ѓоковиќ ова ќе биде 13то полуфинале на турнирот кој го има освеоно 10 пати.

Во полуфиналниот дуел тој ќе го чека подобриот од мечот Јаник Синер (Италија) – Бен Шелтон (САД).

Во првото полуфинале ќе се соочат Карлос Алкараз (Шпанија) и Александар Зверев (Германија). 

Можете да прочитате

Меѓународен џиу-џица турнир „Скопје Опен 2026“ во Општина Илинден

Алкараз спаси две меч-топки и обезбеди полуфинале на Мастерсот во Париз

Јапонецот Ташима има намера да се кандидира за претседател на ФИФА