Утрински Весник
Македонија

(Видео) Трендафилов: Да застанеме рамо до рамо во борбата за поголеми плати

Trendafilov.jpg

Во изјава за 24инфо.мк претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов ги повика работниците на масовно присуство на протестот закажан за денес 28 јануари.

„Ги повикуваме работниците да ни се придружат. Денеска работниците зборуваат. Почнуваме од домот на работници и завршуваме пред Владата токму онаа влада која цела година одбива да ги зголеми работничките плати и која води најсиромашна држава. Ги повикувам работниците да покажеме слога, да застанеме рамо до рамо во борбата за поголеми работнички плати“ изјави Трендафилов.

Протестот започнува во 17.00 часот пред зградата на ССМ, па продолжува пред Собранието, па пред Сојузот на стопански комори и завршува пред Владата на Република Македонија.

Можете да прочитате

Савески: Телефонскиот разговор со премиерот не го доживеав како притисок

Повик до сопствениците да ги отстранат кајчињата од јавните површини долж брегот на Охридското Езеро

АНБ и МВР со акција против група поврзана со меѓународна терористичка мрежа