Утрински Весник
Македонија

Потпишан протокол за олеснување на трговијата меѓу Македонија и Обединетото Кралство

4.jpeg

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, и амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Метју Лосон, денеска го потпишаа Протоколот за правила за потекло, кој претставува составен дел од Спогодбата за партнерство, трговија и соработка меѓу Република Северна Македонија и Обединетото Кралство.

Протоколот овозможува практична и правна примена на проширената кумулација со материјали со потекло од Европската унија, земјите на ЕФТА, како и од другите држави опфатени со ПЕМ-конвенцијата, со кои двете земји применуваат преференцијална трговија.

Со проширената кумулација на потекло се создаваат нови можности за македонските извозници да користат преференцијален третман при утврдување на потеклото на стоките во трговијата со Обединетото Кралство. Ова е особено значајно за секторите со сложени производни ланци и висок удел на материјали од Европската унија и другите земји опфатени со ПЕМ-конвенцијата, како и во контекст на новите трговски односи на Обединетото Кралство по излегувањето од Европската унија.

Потпишувањето на Протоколот создава услови за зголемен извоз, отворање нови работни места и дополнително зајакнување на економијата, придонесувајќи кон поголема економска сигурност за граѓаните и подобро позиционирање на македонската економија на еден од најзначајните европски пазари.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Разликата меѓу Мицкоски и Филипче е небо и земја, не ја научија лекцијата предавана од народот

Од 45 до 500 евра изнесуваат казните преку „Безбеден град“

„Не се дишеше, беше пекол“ ново сведоштво за трагедијата во Кочани