Утрински Весник
Спорт

Историска трка на 5.000 метри во брзо лизгање, новиот светски рекорд под шест минути

20260125120600 big 730x400 44.webp.webp

Последната етапа од Светскиот куп во брзо лизгање пред стартот на Зимските олимписки игри 2026 донесе историска трка на 5.000 метри во која светскиот рекорд беше два пати соборуван, а Норвежанецот Сандер Ејтрем стана првиот кој ја мина патеката за помалку од шест минути.

Ејтрем постави време од 5:58,52 минути, речиси две секунди побрзо од претходниот рекорд, што пресметано значи дека Норвежанецот лизгаше со просечна брзина од над 50 километри на час.

Само десетина минути претходно на трката на 5.000 метри, досегашниот рекордер Французинот Тимоти Лубино постави нов рекорд на патеката, со време од 6:03,65 минути. Тоа беше секунда побрзо од претходниот светски рекорд и се веруваше дека остатокот од натпреварувањето ќе биде само формалност.

Сепак, 23-годишниот Норвежанец настапи во последниот пар, со уште помладиот и исклучително талентиран Чех Методи Јилек, а двајцата се „бркаа“ до последната рунда, кога Јилек се откажа, а целата сала сфати дека сензација е на повидок.

Тренерот на Ејтрем плачеше покрај патеката додека неговиот пулен ги фрли своите скапи очила во публиката, ниту самиот не верувајќи во резултатот на семафорот.

Очилата не му беа вратени, но подоцна му беше врачен златен прстен со посвета за постигнатиот рекорд.

Можете да прочитате

Ѓоковиќ без борба четвртфиналист на Австралија опен

АО: Тиен со совлада Медведев за прво грен слем четвртфинале

Ѓоковиќ стана првиот тенисер со 400 победи на Грен слем турнирите