Утрински Весник
Магазин

Тоше Проески денес ќе наполнеше 45 години

20221128061819 big 730x400 44.webp.webp

На 25 јануари 1981 година во Прилеп е роден Тодор „Тоше“ Проески, најпознатата македонска музичка ѕвезда. Тоше не беше само музичка ѕвезда, беше човек со огромно срце, хуман човек со огромна желба да помогне на секој што има потреба од помош.

Професионалната музичка кариера ја започнува во 1997 година на фестивалот „Мелфест“ во Прилеп, каде што победува со изведба на песната „Yesterday“ од „Битлси“. Истата година настапува и на „Макфест“ со композицијата „Пушти ме“, со што го привлекува вниманието на пошироката јавност. Песните „Пушти ме“ и „Остани до крај“ го означуваат неговиот ран подем, а пресвртна точка во кариерата му е настапот на Скопскиот фестивал во 1999 година со „Твоите бакнежи на моите бели кошули“.

Деби-албумот „Некаде во ноќта“ го објавува во 1999 година, по што следи период на интензивна продукција и концертна активност. Во 2000 година учествува на „Скопје фест“ со песната „Солзи прават златен прстен“, а истата година го промовира и албумот „Синот Божји“. Во следните години неговата кариера добива регионална димензија, со изданија на македонски, српски и други јазици.

Посебно значаен момент во неговиот професионален развој е победата на „Беовизија“ во 2003 година со песната „Чија си“, што го позиционира како една од водечките поп-ѕвезди на Балканот. Во 2004 година ја претставува Македонија на Изборот за песна на Евровизија во Истанбул со песната „Life“, англиска верзија на „Ангел си ти“, и го освојува 14. место во финалето.

Тоше Проески трагично загина на 16 октомври 2007 година во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, Република Хрватска. Тој постхумно беше прогласен за заслужен граѓанин на Македонија.

Можете да прочитате

Жените полудуваат поради наелектризираната коса во зима: Не грижете се, има решение

Смејте се, се активираат дури 80 мускули во телото и делува како 15-минутен тренинг

Овие хороскопски знаци најчесто ги избегнуваат обврските