Утрински Весник
Македонија

МВР денеска ги тестира камерите за „Безбеден град“ во Куманово и Тетово

Kameri 1.jpg

Министерството за внатрешни работи денеска ќе спроведува активности за тестирање, калибрација и верификација на поставените уреди (камери) за сообраќаен надзор на подрачјето на градовите Куманово и Тетово.

Активностите ќе се реализираат во временскиот интервал од 08:00 до 20:00 часот, при што на секоја локација со поставена камера постапката ќе се изврши еднократно и ќе трае кратко, приближно од 15 до 30 минути.

За време на спроведувањето на активностите на конкретната локација, сообраќајот привремено нема да се пропушта додека трае постапката, по што ќе продолжи да се одвива нормално.

Се повикуваат граѓаните и сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат привремените ограничувања, како и да покажат разбирање, трпение и соработка со цел непречено и безбедно реализирање на планираните активности.

Можете да прочитате

Полициска акција во Скопје: Во „голф“ откриени околу 230.000 евра, двајца приведени од Косово

Приведени двајца косовски државјани за „фалсификување пари“, пронајдени околу 230.000 евра

Инфраструктурните проекти и стратешкото партнерство во фокусот на средбата Николоски – Варнс