Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Пратениците на Али и Венко гласаа против безбедноста на граѓаните во сообраќајот

Vmro.webp.webp

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

Коалицијата СДС и ДУИ во текот на вчерашниот ден во Собранието уште еднаш докажа дека функционира следејќи ги само своите интереси и не поддржува ништо корисно за граѓаните.

Измените на Законот за прекршоци со кои се заокружува правната рамка за функционирање на проектот „Безбеден град“ не ја поддржаа пратениците од овие две опозициски партии.

Во текот на вчерашниот ден граѓаните сведочеа на СДС-ДУИ коалиција на дело, коалиција која функционира и во опозиција, коалиција која не се грижи за безбедноста на граѓаните во сообраќајот. 

СДС и ДУИ едноставно стапија во брак кој е против безбедноста и животите на граѓаните.

И за што беа СДС и ДУИ против, беа против систем кој дава резултати.

Безбеден град е систем кој на првиот ден на функционирањето регистрираше околу 110 илјади прекршоци, а истите беа намалени на половина за 24 чaса. 

Дека безбеден град е потребен говори и  фактот што Македонија е над европскиот просек кога станува збор за жртви од сообраќајни несреќи. Европскиот просек е 45 жртви годишно на еден милион жители, а бројката во Македонија е 65 жртви годишно на еден милион жители.

Сите препознаа дека станува збор за корисен проект освен СДС и ДУИ.

Можете да прочитате

Родителите во паника, пожарникарите влегле преку тераса во Струмица, девојчето го нашле во длабок сон

Година и половина од трагедијата во „Пулс“ – родителите стравуваат од пуштање на сопственикот од притвор

Средба Мицкоски-Селф во Вашингтон: Разговори за зајакнување на партнерството со САД