Утрински Весник
Македонија

Спасовски: Пратениците повеќе ги болат за СДСМ од некои во раководството

Img 7228.jpeg

Пратеничката група на СДСМ е компактна и составена од луѓе кои растеле и се граделе во партијата во изминатите три децении, изјави пратеникот Оливер Спасовски.

„На било кој пратеник од пратеничката група на СДСМ не му е сеедно каде ќе се движи СДСМ. Ние 30 години ја градевме партијата и таа е дел од нас“, истакна Спасовски.

Тој порача дека сите други шпекулации околу внатрешните состојби во партијата немаат вредност.

„Пратеничката група на СДСМ е многу повеќе СДСМ и многу повеќе ја боли за СДСМ, можеби и од некои членови од раководството“, додаде Спасовски.

Можете да прочитате

Речиси два пати помалку бебиња во 2024 отколку пред шест децении, стапката на фертилитет во ЕУ 1,34, во Македонија 1,44 

ТИТАН Усје: Продолжувањето на А-интегрираната еколошка дозвола се одвива согласно законот и во соработка со надлежните институции

Андоновски одржа средба со АВМУ и претставници на инфлуенсерите