Утрински Весник
Македонија

ЛДП бара враќање на стариот член 353: Без лимити на казните и без застарување на корупцијата

Monika zajkova komisija za politichki sistem i odnosi megu zaedniczi.jpg

Соопштение за јавност на ЛДП:

На денешната амандманска расправа на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците наменета за новиот Кривичен законик, претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка, Моника Зајкова, поднесе амандман со кој се бара воспоставување на поефикасна правна рамка за борба против корупцијата во јавниот сектор.

Претседателката на ЛДП бара со амандманите да се врати стариот член 353 од Кривичниот законик, кој Зајкова лично не го гласала. Таа истакна дека вреди да се врати старата одредба затоа што со истата кога со делото настанала значителна штета не се дава лимит на горната казна, туку оди најмалку три години, што значи дека може максималната казна може да биде 20 години и тоа да ја отежни можноста делото да застари. Исто така, во новата предложена измена на законот во членот 353-в се брише ставот 5, што е во најмала рака, безобразно, затоа што во тој став се регулирани службените или одговорни лица во органите на државната управа: министри, директори именувани од владата и со ова, власта го декриминализира криминалното поведение.

„Не знам зошто е важно кој кога бил на власт, ако сега веќе поднесувате ваков закон, тогаш поправете ги слабостите што се направиле. Која европска регулатива е таа што дава лимити на кривичните дела? Многу едноставно – ако е значителна штетата, не може да се постави лимит од-до. Значи ќе се оди на најгорната граница на казнивост за кривичното дело и на тој начин ќе се избегне застарување, кое што често го сведочиме во праксата”, изјави Зајкова на седницата на комисијата.

Во реплика на пратеникот Бојан Стојаноски, Зајкова изјави дека со претходните измени на Кривичниот законик практично се ослободија многу лица, но доколку го прифатеа предлогот на ЛДП, во кој што имаше преодна одредба да се зголеми рокот на апсолутна застареност за делата за кои што веќе има првостепена пресуда и чекаат пред апелација, тогаш немаше да паднат многу дела на негови сопартијци.

Во реплика на пратеникот Љупчо Пренџов, Зајкова му посочи дека секогаш кога ќе им се презентираат факти, тие „глумат” синдром на жртва.

„Во делот на јавните набавки, сите експерти укажуваат дека го стеснувате описот на делот, дека декриминализирате одредени поведенија. Не се овие две поведенија кои се опфатени во членот, тие по кој се казнуваат јавните набавки. Каде е фаворизирањето на тендери, каде е местењето на технички спецификации, изборот на понудувач? Каде се јавните фондови, други средства од државата. Дајте ако веќе правиме нешто, да го направиме како што треба”, завршува Зајкова.

Можете да прочитате

Тестирана подготвеноста на противпожарните авиони во Македонија

Агенцијата за лични податоци нема гаранции дека снимките од „Сејф Сити“ нема да се злоупотребат

Алармантен раст на рак на грлото на матката – Најмлада пациентка на 18 години, бројот на нови случаи речиси двојно зголемен