Утрински Весник
Свет

Зеленски: Mировниот план за завршување на војната со Русија е речиси готов

Zelenski.webp.webp

Украинскиот претседател изјави дека мировниот план за зваршување на војната со Русија е при крај.

Во својот говор на Светскиот економски форум во Давос, тој рече дека документите насочени кон завршување на војната се речиси готови, дека тоа е навистина важно.

„Украина работи со целосна искреност и решителност и носи резултати. Русија мора да биде подготвена да ја заврши оваа војна, да ја запре оваа агресија“, рече Зеленски, додавајќи дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за заштита на небото.

Кога беше прашан за „Комитетот за мир“ на Трамп, кој беше ратификуван порано денес во Давос, тој рече дека секој има свои причини за приклучување или неприклучување кон Комитетот.

„Европа сè уште не формирала единствен став за американската идеја. Можеби вечерва, кога ќе се состане Европскиот совет, ќе одлучат нешто. Но, за документите веќе беше одлучено утрово, а вечерва конечно би можеле да одлучат нешто и за Гренланд.” – рече Зеленски.

Можете да прочитате

Иранска револуционерна гарда: Ормускиот Теснец останува затворен по наредба на ајатолахот

Русија ги предупредува граѓаните да не патуваат во Германија

Иран не поставува мини во Ормускиот Теснец, изјави Тахт-Раванчи