Утрински Весник
Балкан

За 4,9% зголемен патничкиот сообраќај на 39 аеродроми во Грција

Grcija 1.jpg

За 4,9% е зголемен патничкиот сообраќај на 39 аеродроми во Грција. Во периодот од јануари до декември во 2025 година се евидентирани 83.333.571 патник наспроти 2024 година со 79.424.082 патници.

Податоците се однесуваат на 24 аеродроми со кои управува конкретната служба, на 14 под компанијата „Fraport Greece“ и на Меѓународниот аеродром во Атина.

Паралелно со зголемувањето на патничкиот сообраќај, пораст има и во однос на бројот на движења на авиони, односно пристигнувања и заминувања на домашни и меѓународни летови. 

Зголемувањето е 4,1 отсто во споредба со периодот јануари – декември 2024 година, а поконкретно, минатата година биле реализирани 629.633 летови, наспроти 604.873 летови една година претходно.

Во однос на сообраќајот на регионалните аеродроми со кои управува Службата за цивилно воздухопловство (во градовите Каламата, Александруполи, Јанина, Козани, Касторија, Волос, Патра и на островите Крит, Лимнос, Астипалеа, Хиос, Карпатос, Китира, Милос, Скирос, Парос, Сирос, Араксос, Наксос, Калимнос, Икарија, Кастелоризо, Касос, Лерос) патничкиот сообраќај бележи пораст од 6,9 отсто во периодот јануари – декември 2025 година, во споредба со истиот период во 2024 година.

Можете да прочитате

Вонредна состојба е прогласена во дел од областа Атика поради невреме

Наместо вода, погрешка баба му дала на дете да се напие бензин

Студентскиот пленум на Универзитетот во Нови Сад изгласа бојкот на наставата