Утрински Весник
Македонија

Хоџа-Зомер: Швајцарија силен и долгорочен партнер во заштитата на животната средина

Image 2026 01 22 144705090.png

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, оствари средба со амбасадорот на Конфедерацијата Швајцарија во Република Северна Македонија, Н.Е. Кристоф Зомер, на која беа разменети мислења за тековната и идната билатерална соработка во областа на животната средина.

На средбата, министерот Хоџа изрази искрена благодарност за континуираната и значајна поддршка што Швајцарија ѝ ја дава на државата повеќе од три децении, нагласувајќи дека таа е еден од најголемите билатерални донатори и клучен партнер во реформските процеси, особено во секторите води, управување со отпад, природа и климатска отпорност.

Беа разгледани тековните проекти поддржани од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) и Државниот секретаријат за економски прашања (SECO), меѓу кои проектите за интегрирано управување со цврст отпад, управување со подземни води, заштита на биодиверзитетот и екосистемите, како и зајакнување на отпорноста и ефикасноста на комуналните претпријатија.

Министерот Хоџа ја потврди заложбата на Министерството за понатамошно продлабочување на соработката со Швајцарија, во насока на усогласување со европските стандарди, одржливо управување со природните ресурси и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.

Амбасадорот Зомер ја реафирмираше поддршката на Швајцарија за реформските процеси во Северна Македонија и изрази подготвеност за продолжување на партнерството преку Програмата за соработка 2025-2028.     

Можете да прочитате

FAME’S со февруарска концертна серија што ги спојува класиката и џезот

ССМ најави масовен протест на 28 јануари

Прекини на електрична енергија утре во дел од Тетово