Утрински Весник
Македонија

Патиштата се проодни – но надлежните будно ја следат ситуацијата

Sneg.webp.webp

Нема активни врнежи од снег моментално во државава. Сообраќајот се одвива по влажни коловози, а патните правци кои беа со снег се расќистуваат и опесочуваат истакнаа регионалните центри и надлежните служби.

Екипите на ЈП Македонија пат, општинските зимски служби и јавните комунални претпријатија се континуирано на терен и постапуваат согласно приоритетите. Главните магистрални и регионални патни правци се проодни, а локалните патишта се расчистуваат таму каде што имало насобран снег.

Забраните за сообраќај на тешки товарни возила на одредени планински превои остануваат во сила таму каде што претходно беа воведени. Нема пријави за нови застои или сериозни проблеми во одвивањето на сообраќајот.

Снабдувањето со електрична енергија и водоснабдувањето се стабилни, без евидентирани прекини. Надлежните служби ја следат состојбата и се постапува согласно информациите од АМСМ и теренските извештаи.

ЦУК и понатаму ја следи состојбата на терен и ќе ја информира јавноста доколку дојде до промени.

Можете да прочитате

Давкова на панел со Макрон и Мелони: Европската интеграција на Западен Балкан е предуслов за ефикасна борба против трговијата со дрога

Тошковски – Варнс: Потврдена определбата за зајакнување на стратешкото партнерство меѓу Македонија и САД

Во „Пулс“ било како во крематориум, сведочеше патологот Станков