Утрински Весник
Македонија

Министерство за транспорт: Сите државни патишта се проодни

1000061864.jpg

Ве информираме дека сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење, вела од Министерството за транспорт и врски.

„Екипите на  ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на снегот.  Во соработка со ЈП за државни патишта и Министерство за транспорт се вршат координирани активности со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот. 

Покрај внимателно и совесно управување со возилата, се препорачува задолжително употреба на зимска опрема,  почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодена брзина согласно условите на патните правци.

Исто така се препорачува навремено информирање од страна на сите информативни центри за условите и сообраќајот на државните патишта.  

Кооридинираните активности на надлежните институции продолжуваат  и во текот на наредниот перидод,  со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот“ наведуваат од Министерството.

Можете да прочитате

За 10 дена 6.264 сообраќајни прекршоци, уапсени 151 возач

Девет предмети за дискусија на седница на Уставниот суд

Приведен турски државјанин, пронајдени мигранти во возилото кое го управувал