Утрински Весник
Скопје

(Фото) Снегот и тестирањето на камерите го парализираа Скопје

Ilinden.jpeg

Снег паѓа утрово во Скопје и истиот создаде хаос во сообраќајот.

Граѓани на социјалните мрежи пријавуваат застој на сообраќајот во речиси сите скопски населби.

Во Петровец, Бутел и Илинден сообраќајот се одвива по неисчистени коловози, на сообраќајниците има колони автомобили и се препорачува крајно внимателно возење.

На западната страна, огромна гужва има во Ѓорче Петров од влезот од автопат па се до Карпош.

Покрај снегот, дополнителен застој прави и тестирањето на системот „Безбеден град“ каде на одредени улици возилата не се пропуштаат.

Доколку сега излегувате со автомобил возете внимателно и вооружете се со трпение.

Можете да прочитате

Општина Аеродром: За два месеца 400 тони отпад транспортиран во „Дрисла“

CENTAR NIGHT RUN- прво издание на ноќната урбана трка низ Центар

Ѓорѓиевски и Гоксу го пуштија новото осветлување на Камениот мост