Утрински Весник
Свет

Телефонски разговор Руте – Трамп

Rute i tramp.jpg

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте изјави дека телефонски разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за ситуацијата на Гренланд и на Арктикот.

– Разговарав со Доналд за безбедносната ситуација на Гренланд и на Арктикот. Ќе продолжиме да работиме на ова прашање и се радувам на средбата со него во Давос подоцна оваа недела, објави Руте на платформата Икс.

Трамп изминатите недели се заканува дека ќе ја преземе контролата врз Гренланд. Вчера пак, тој најави царини од 10 отсто за производите од осум европски земји кои се спротивставуваат на неговите планови за островот.

Можете да прочитате

ММФ: Развиените земји мораат да го намалат долгот поради растот на трошоците за задолжување

Трамп во јули направил повеќе од 1.000 берзански трансакции, вредни до 270 милиони долари

Гутереш: Нема алтернатива решението со две држави за израелско-палестинскиот конфликт