Утрински Весник
Македонија

Студен бран ја зафаќа Македонија

Studeno Vreme.jpg

Нов бран на студено време и врнежи од снег се очекуваат кон средината на претстојната недела. Од УХМР, велат дека утре ќе имаме студено утро, додека во текот на денот ќе преовладува сончево време со умерена облачност и слаб североисточен ветер.

Вистинската промена на времето пристигнува во вторник.

„Во вторник кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег“. Во овој период температурите ќе се движат од минимални -10°C до максимални 7°C во вторник, додека во среда дневниот максимум ќе достигне 6°C.

Од четврток се очекува стабилизација, но со услови за магла по котлините. „Од четврток ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. По котлините ќе има услови за појава на магла“. Температурите во втората половина од неделата во благ пораст, со дневни максимуми до 10°C во сабота.

Можете да прочитате

Мицкоски во Виена на средба со македонската дијаспора: Убеден сум дека само заедно можеме да ја движиме државата напред

Мицкоски ја фрла МРТ во канџите на фантом фирми – Левица повикува да се спречи изборот на Ристоски за директор на јавниот сервис

Бакрески: Постапуваме по решението на ДПИ