
Заканата на американскиот претседател Доналд Трамп да воведе царини за европски земји што не му дозволуваат да го добие Гренланд „доаѓа како изненадување“, изјави данскиот министер за надворешни работи.
„Во постојан контакт сме со Европската комисија и нашите други партнери за тоа прашање“, Ларс Локе Расмунсен, зборувајќи само неколку дена по учеството на разговорите во Белата куќа со американски и гренландски претставници за прашањето за Гренланд.
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека американските закани за воведување царини врз европски држави поради прашањето со Гренланд се неприфатливи.
„Никакво заплашување или закани не можат да влијаат врз нас. Заканите со царини се неприфатливи“, објави Макрон преку својот профил X откако американскиот претседател Доналд Трамп вети нови царини против Франција и седум европски земји кои не го прифаќаат договорот за целосно аквизиција на Гренланд од страна на САД, објави дневниот весник Фигаро.
Францускиот претседател нагласи дека Европејците ќе одговорат на унифициран и координиран начин за да се обезбеди почитување на европскиот суверенитет.

