
По реакцијата на ЈП Водовод и канализација-Скопје, редакцијата на 24инфо.мк се извинува за објавување на непроверената вест „Голем дефект, пукна водоводна цевка во Чаир“
Во продолжение следи интегрален текст од демантот на ЈП Водовод и канализација-Скопје:
„ Денешната објава на вашиот веб портал со наслов: (Видео) Голем дефект, пукна водоводна цевка во Чаир објавена во 17:39 минути би сакале да ве информираме станува збор за дефект кој е саниран на 10 јануари 2026 година.
Воедно, нагласуваме дека екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје континуирано и будно ја следат состојбата на водоводната и канализационата мрежа, и се постојано присутни на терен со цел навремено откривање и санирање на дефектите.
Апелираме за професионално, одговорно и точно информирање со цел да не се создава непотребна загриженост и паника во јавноста.
Воедно бараме од вас објавување на оваа информација и повлекување на вашата објава како не би ги донеле во заблуда граѓаните и пошироката јавност.
За сите дополнителни информации, ЈП Водовод и канализација – Скопје стои на располагање “.

