Утрински Весник
Македонија

Лабрадорот Роџер нов член на терапевтскиот тим на Психијатриската клиника во Скопје

Whatsapp image 2026 01 15 at 13.33.22.jpeg

ЈЗУ Универзитетска клиника за психијатрија во Скопје воведе иновативен пристап во лекувањето на пациентите преку вклучување на животни во терапевтскиот процес, како дел од современите психосоцијални методи на поддршка.

Новиот член на терапевтскиот тим е Роџер, 2,5-годишен „чоколаден“ лабрадор, кој преку т.н. Animal Assisted Activities (активности поддржани од животни) им помага на пациентите во подобрување на нивната психосоцијална благосостојба.

Директорката на клиниката, проф. д-р Славица Арсова, истакна дека присуството на Роџер придонесува за создавање чувство на сигурност, смиреност и доверба кај пациентите. Лабрадорот активно учествува во индивидуални и групни средби, секогаш под надзор на стручен медицински и психолошки тим.

Покрај терапевтската улога, со овој проект клиниката има за цел и подигнување на јавната свест за хумано вдомување и грижа за бездомните животни.

Роџер има обезбедено соодветно сместување во кругот на клиниката, е под постојан ветеринарен надзор, а воедно строго се почитуваат и сите хигиенски и безбедносни протоколи во здравствената установа.

Можете да прочитате

Министерство за здравство иницира да се направи инспекција во болницата во Кавадарци по смртта на новороденчето

СДСМ: Ноќни волци, периметар Сомалија – ВМРО дипломатија

Кумановец фатен со 28 клучеви за отварање брави