Утрински Весник
Балкан

Цистерна експлодираше на автопат во Словенија

Cisterna slovenija.jpeg

Еден автопат во Словенија е целосно затворен во двата правци помеѓу излезите Словенска Коњица и Словенска Бистрица Југ поради тешка сообраќајна несреќа, во која, според неофицијални информации, експлодирала цистерна.

Како што јавува РТВ Сло, на местото на несреќата избувнал голем пожар, а детонацијата, според Радио Рогла, се слушнала во поголем дел од Словенска Бистрица. Во инцидентот наводно учествувале повеќе возила, но засега нема официјални информации за бројот на повредени.

Сообраќајниот информативен центар на Словенија ги повикува возачите на патнички возила да користат алтернативни правци. За насоката кон Љубљана се препорачува пренасочување преку регионалниот пат кај Словенска Бистрица, додека возачите што се движат кон Марибор да го користат излезот Словенска Коњица.

Екипите на противпожарната служба и итната помош се на терен, а причините за несреќата и точните околности под кои дошло до експлозијата ќе се утврдуваат дополнително.В

Можете да прочитате

Вучиќ: Цел месец зборам дека САД ќе го нападне Иран, ако ова продолжи, нè чека пекол

Иран најавува можен напад врз базата на МЕК во Албанија

Српските државјани се евакуираат од Израел преку Египет