Утрински Весник
Свет

Трамп побара од Данска да се повлече од Гренланд

20260114180436 big 730x400 51.webp.webp

Американскиот претседател Доналд Трамп побара од Данска веднаш да се повлече од Гренланд.

„НАТО, кажете ѝ на Данска веднаш да се губи оттаму! Две кучешки запреги не се доволни! Само САД можат!!!“, напиша Трамп на социјалната мрежа Трут Соушл.

Тој додаде и дека Данската разузнавачка служба (DDIS) минатата година предупредила на руските и кинеските воени цели кон Гренланд и Арктикот.

Трамп во објавата прикачи и текст од сајтот „JustTheNews“ во кој се наведува дека, додека данските лидери ја минимизираат заканата што ја претставуваат Русија и Кина за Гренланд, Данската одбранбена разузнавачка служба (DDIS) неодамна објавила проценка во која отворено предупредува на руските и кинеските воени амбиции за ширење на подрачјето околу Гренланд и Арктикот.

Изјавата на Трамп е објавена неколку часа пред планираниот состанок на американскиот државен секретар Марко Рубио и потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, со министрите за надворешни работи на Данска и Гренланд во Белата куќа, на кој би требало да се разговара за иднината на овој остров.

Гренланд е автономна територија во составот на Данска, но во последните месеци се најде во фокусот на вниманието на Трамп и американската администрација поради своето стратешко значење за Арктикот и безбедноста на САД.

Можете да прочитате

Расмусен: Данска е подготвена да стори повеќе, а САД веќе имаат широк воен пристап до Гренланд

Француската влада преживеа гласања за недоверба

Само 17 отсто од Американците ги поддржуваат напорите на Трамп да го добие Гренланд