Утрински Весник
Македонија

Америка го запира издавањето визи за 75 земји меѓу кои и Македонија

Deparment of state.jpg

Администрацијата на Трамп ја запира обработката на сите визи за посетители од 75 земји, меѓу кои и Македонија, почнувајќи од 21 јануари, објави Фокс њуз, повикувајќи се на допис на американскиот Стејт департмент.

Фокс њуз јавува дека со дописот до американските амбасади им се наложува да ги одбиваат визите во согласност со постојниот закон, додека Стејт департментот ги анализира постојните правила.

Запирањето на обработката на визите се вклопува во строгата имиграциска политика што републиканскиот американски претседател Доналд Трамп ја спроведува од стапувањето на должност во јануари минатата година.

За македонските граѓани ова значи дека апликациите за имигрантска виза кон САД ќе бидат ставени во мирување без јасна временска рамка за продолжување на постапката. Покрај Македонија, на листата на опфатени држави се Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Албанија, како и Русија, Иран, Ирак, Египет, Нигерија и други.

Во ноември, Трамп се заколна дека трајно ги запре миграциите од сите земји од третиот свет, откако авганистански државјанин пукал од огнено оружје во близина на Белата куќа и убил припадник на Националната гарда.

Многу авганистански државјани кои поднеле барања за азил во САД во 2021 година добиле специјални имигрантски визи, наменети за оние кои работеле со американската војска за време на нејзината 20-годишна војна.

Можете да прочитате

ТДП реагира на лидерската средба: Власта го заборава мултиетничкиот карактер на државата

Замрзната имиграцијата кон САД од Македонија и уште 74 земји

СДСМ: САД ја суспендираше обработката на визи, ВМРО ја доведе Македонија во периметар со Сомалија