Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ до СДСМ: Дали човек смее да има бизнис и да биде член на партија?

Vmro.webp.webp

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

СДС повторно растура пердуви во јавноста со цел да прикаже некаква поврзаност на ВМРО-ДПМНЕ со некакви фирми и да шири лаги и манипулации. 

Кога во нивно време, тендерите и набавките беа синоним за криминал и корупција, и по „дифолт’’ одеа кај фирмите на семејствата на Заев и Филипче, денес тоа повеќе не е така.

Сите тендери и јавни набавки кои се спроведуваат се законски, отчетни и транспарентни.

Ги прашуваме СДС, дали човек смее да има фирма/бизнис, да учествува на тендер/набавка и да биде член/симпатизер на политичка партија? Дополнително, дали има некаков вид на криминал или корупција во тендерите? Ако се сомневаат во нешто, нека се јават на нивните обвинители и судии, сигурни сме дека ќе им помогнат.

Можете да прочитате

Лидерска средба: Постигната согласност за укинување на техничката влада за следните или за изборите потоа

Грипот зема замав во Македонија – Почината пациентка и двајца на апарати за дишење

Ахмети: Се согласуваме со една изборна единица, со праг од 5% и отворени листи, а за укинување на техничката влада треба да се консултираат ЕУ и САД