Утрински Весник
Македонија

Отворена нова подрачна канцеларија на Агенцијата за катастар на недвижности во Општина Ново Село

Kancelarija novoselo 4.jpg

Агенцијата за катастар на недвижности продолжува со заложбите за доближување на услугите до граѓаните и правните лица, преку подобра територијална покриеност, поефикасни постапки и рамномерен регионален развој.

Во таа насока, директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Иван Живковски, денес заедно со градоначалникот на Општина Ново Село официјално ја отворија новата подрачна канцеларија на Агенцијата – уште еден значаен и конкретен чекор кон унапредување на достапноста и квалитетот на катастарските услуги.

Со отворањето на оваа канцеларија, повеќе од 10.000 жители на Општина Ново Село и околните населени места од денес ќе можат побрзо и поедноставно да ги остварат своите катастарски права и обврски, без потреба од патување до Струмица.

Директорот на Агенцијата, Иван Живковски, при посетата на новата канцеларија истакна дека ова е дел од поширокиот процес на реорганизација и системско приближување на институцијата до граѓаните, со цел обезбедување подостапни, поефикасни и поквалитетни услуги.

Можете да прочитате

СДСМ: Никаде во Европа нема ваква корумпирана Влада, техничка влада мора да остане 

Сиљановска-Давкова прими претставници на Македонското здружение на млади правници (МЗМП) и на Центарот за еколошка демократија ФЛОРОЗОН

ОЈО со детали за убиството во Богданци: Ножот се скршил, нападот продолжил со ножици