Утрински Весник
Свет

Писториус шокиран од наводите за нацистички поздрави и насилство во германска елитна воена единица

20260113080628 big 730x400 43.webp.webp

Германската војска (Бундесвер) се соочува со сериозен скандал по покренувањето истраги за сексуално вознемирување, десничарски екстремизам и употреба на дрога во елитната 26-та падобранска регeмента, стационирана во Цвајбрикен.

Обвинителството истражува повеќе од десет пријави против припадници на оваа единица, вклучувајќи истакнување нацистички симболи, користење илегални супстанции и тешки прекршувања на воената дисциплина. Скандалот доаѓа во чувствителен момент, паралелно со воведувањето на доброволното служење воен рок, што е клучен дел од планот за зајакнување на германските вооружени сили.

Министерот за одбрана Борис Писториус изјави дека е „шокиран“ од откритијата, нагласувајќи дека таквото однесување директно ги крши темелните вредности на Бундесверот. Според медиумските извештаи, војниците се товарат за нацистички поздрави, сексуално вознемирување на колешки, закани со силување и насилство врз подредените.

Командантот на единицата, полковник Оливер Хенкел, е суспендиран од должноста, иако негира поврзаност со аферата. Досега се проверени 55 осомничени, тројца војници се отпуштени, а против 19 е покрената дисциплинска постапка. Шеснаесет случаи се предадени на Обвинителството.

Властите најавија посебен „акциски план“ за падобранските сили, со порака дека во германската војска нема место за насилство, сексизам и екстремизам.

Можете да прочитате

Иран го негира тврдењето на Трамп дека ураниумот ќе биде префрлен во САД

Лавров на дипломатски форум во Анталија изјави дека дошло време за разговор со САД за идните економски врски

Макрон: Француски војник убиен, а тројца други се ранети во јужен Либан, сè укажува на Хезболах