Утрински Весник
Македонија

Вевчански карневал: Сè подготвено за дводневната карневалска магија

Vevchani.jpg

Вевчани е подготвено за годинешното издание на Вевчанскиот карневал, кој утре и в среда ќе ги исполни улиците со маски, хумор и традиција, информира градоначалникот Спасе Кочовски за МИА. Забавната програма започнува вечерва со настапи на Влатко Лозаноски, „Пука козметика“ и „Брас брадрс“, а утревечер следува фолк-вечер со Благоја Грујовски, Влатко Миладиновски со оркестар, зурлите и тапаните „Вевчани“, како и Перо Бели и групата „Вип“. Кочовски уверува дека временските услови нема да ја попречат манифестацијата, бидејќи улиците се исчистени и проодни, а сместувачките капацитети се целосно исполнети.

Тој најавува уште едно автентично карневалско издание исполнето со сатира, забава и дружење. Василичарското дефиле под маски започнува утре попладне, кога жителите на Вевчани преку маските на сатиричен начин ќе ги прикажат настаните и проблемите што ја одбележале изминатата година. Василичарите истакнуваат дека секоја маска носи порака и критика кон општеството и секојдневието. Карневалот, со традиција стара речиси 15 века, започнува на 13 јануари со дефиле на друштвата „Горна“ и „Долна маала“, а завршува на 14 јануари со василичарско оро и палење на маските на централниот плоштад во Вевчани.

Можете да прочитате

Акција на Скопска Црна Гора: Конфискувани десетици кубни метри нелегални дрва кај Брест и Малино

Родителите на загинатите во „Пулс“ од Штип: Чекориме затоа што вистината мора да излезе на виделина и одговорност мора да има

Минибус со навивачи нападнат од група граѓани на патот Прилеп-Ресен