Утрински Весник
Македонија

Притвор за двајца осомничени за полов напад врз малолетничка во липковско

Polov napad.webp.webp

Двајца мажи се осомничени за полов напад и силување на малолетна девојка во липковско, а против нив Основното јавно обвинителство Куманово ќе поведе истражна постапка и побара определување мерка притвор. Според обвинителството, првоосомничениот спротивно на јасно изразената волја на девојчето извршил полови дејствија, а потоа ја принудил на полови дејствија и со второосомничениот. Покрај ова, тој се товари и за кривично дело уцена. По настанот, првоосомничениот ја уценувал малолетничката заканувајќи се дека ќе објави нејзини експлицитни фотографии доколку не му исплати 20.000 евра.

Под ваков притисок, девојчето земало пари од дома без знаење на родителите и позајмувало од други лица, по што во повеќе наврати му предавало пари на осомничениот. Јавниот обвинител, оценувајќи дека се исполнети законските услови, до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово доставил предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени, кои во моментов се лишени од слобода. Од обвинителството информираат дека истрагата продолжува и апелираат за внимателно, етичко и одговорно медиумско известување, со цел заштита на малолетната жртва и непречено водење на постапката.

Можете да прочитате

МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир

СДСМ: Стоилковиќ води циркус димпломатија

До 13 часот гласале 8,89% од гласачите на повторените избори