Утрински Весник
Македонија

Најмногу врнежи во Маврови Анови

Sneg 5 1024x768 1.jpg

Најмногу врнежи од дожд се регистрирани попладнево во Маврови Анови, 13 литри на метар квадратен. На Попова Шапка пак се измерену 43 сантиментри снег.

Според УХМР, 12 литри на метар квадратен наврнале во Охрид, Претор и Крушево, 11 во Пожаране, 10 во Тетово, 7 во Битола и 6 во Попова Шапка. Во Прилеп се измерени 5 литри, а по 4 литри на квадратен метар во Скопје-Зајчев Рид, Струмица и Ѓуриште. Во Гевгелија и Тополчани, пак, измерени се 3 литри на метар квадратен, во Крива Паланка, Виница, Велес, Берово и Кавадарци по 2, додека најмалку врнежи, по 1 литар на метар квадратен се регистрирани во Штип и Демир Капија.

Снежната покривка во Тетово до 16 часот била два сантиметра.

Највисока дневна температура денеска е измерена во Демир Капија и Прилеп, 8 степени, додека минимални 2 степена се регистрирани на Попова Шапка, Маврови Анови и Крушево.

Можете да прочитате

Николоски: Градежништвото е со двоцифрен раст

За трагедијата во Карпош мора да има одговорност и оставка од Панче Тошковски

ЛДП бара итно расчистување на случајот во Тафталиџе и електронска нараквица за следење на насилниците