Утрински Весник
Балкан

Грчките земјоделци се подготвуваат за средбата со Мицотакис

Micotakis.jpeg

Земјоделците од цела Грција денеска одржуваат состанок во областа Никеа кај Лариса. На состанокот тие ќе ја одредат делегацијата што во Атина ќе се сретне со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, како и темите и барањата што ќе ги покренат на средбата во вторник

Во вторник Мицотакис ќе ја прими делегацијата на земјоделците во Премиерската палата.

Ставот на Владата е дека се отворени за дијалог, но дека нема простор за нови мерки за поддршка, а за средбата со грчкиот премиер потребно е да се исполнат два предуслови: прво, делегацијата на земјоделците да ги претставува сите блокови од целата земја и второ, состанокот да се одржи со отворени патишта.

Според земјоделците, тракторите ќе останат паркирани на автопатиштата, односно онаму каде што се од 30 ноември, по средбата со грчкиот премиер, ќе се вратат на блоковите за да го разгледаат исходот и да одлучат дали ќе продолжат со протестите или ќе се повлечат.

Можно е и денеска во попладневните часови земјоделците да постават шестчасовна блокада за влез и излез од Грција за сообраќај на сите видови возила.

Можете да прочитате

Почина малолетникот кој на Божиќ во Белград пукаше во своите баба и дедо

(Видео) Падна таван во познат мол во Солун

Повеќе од половина Турција под метеоролошка тревога поради обилни врнежи од дожд, бури и лавини