Утрински Весник
Македонија

Лажен лекар измамил 77-годишна штипјанка за сума од 700.000 денари

Lekar.jpg

На 07.01.2026 во 16:30 часот во СВР Штип, 77-годишна жена од Штип пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 700.000 денари.

Според пријавеното, претходно во текот на денот лицето ѝ се јавило, се претставило како лекар и ја известило дека нејзината сестра била во болница поради скршеница на нога за која било потребно да се изврши операција со вградување на шипки. Како што е пријавено, лицето ѝ ги побарало парите и откако се договориле во неколку наврати ги однела на договореното место. Исто така, според пријавеното, подоцна во нејзиниот дом дошла нејзината внука и заедно ја контакриле нејзината сестра, при што сфатила дека била измамена.

Се преземаат мерки за проаноѓање на сторителот и за расчистување на случајот.

Можете да прочитате

Исмаил: Мицкоски има приватен интерес во енергетиката, затоа не дозволлува министри да одговараат на прашања

Повозрасен маж пронајден мртов во својот дом во Ѓорче Петров

Само вчера регистрирани два нови случаи на семејно насилство во Скопје