Утрински Весник
Македонија

Колона од возила на граничниот премин кај Делчево поради електронско внесување на податоци за патници без ЕУ пасоши

20260108144158 big 730x400 3 e1767882043736.webp.webp

Поради електронско внесување на податоци за патници кои не поседуваат пасоши од Европската Унија, моментално е формирана колона од возила на граничниот премин Делчево – Станке Лисичково.

Патници кои го користат годишниот одмор за МИА информираат дека колоната е долга околу еден километар.

-Секој патник што не е со европски пасош Бугарите го внесуваат во системот – се земаат слики и отпечатоци. Една кола ја задржуваат од 10 до 15 минути – изјави за МИА граѓанин од Делчево кој годишниот одмор ќе го користи во соседството.

Од македонска страна, граничната контрола се одвива редовно и без застои, а гужвата се создава исклучиво поради дополнителните проверки и процедурите на бугарска страна.

Можете да прочитате

По пријава за семејно насилство, откриено автоматско оружје во Скопје, поведена истрага

НП Шар Планина пријави во полиција попречување на нивната работа на терен

Тешка кражба во продажен објект во Струга