Утрински Весник
Македонија

Бадниковата поворка кај претседателката Сиљановска Давкова

20260106151032 big 730x400 41.webp.webp

Традиционално, во претпладневните часови, групи деца и млади од Бадниковите поворки остварија празнична посети кај претседателката на државата Гордана Силјановска-Давкова.

-Бадниковата поворка и годинава ме посети, носејќи радост и светлина. Најискрените гласници на верата и мирот – децата, пеејќи за вечниот Бог и Божјата љубов, го најавија Христовото раѓање, објави претседателката на Фејсбук.

Таа додаде дека во духот на празникот ги дарувала со Бадникови пакетчиња, а тие, како што пишува во објавата, „небаре славејски хор, со озарени лица и блескави насмевки ја поттикаа мојата надеж за подобро утре“.

-Со срца полни со љубов, си посакавме среќен Божиќ и си ветивме дека и понатаму ќе ја чуваме и негуваме вековната традиција, наведува претседателката во објавата на Фејсбук.


Можете да прочитате

ДЗС: Безбедно отстранета ретка неексплодирана минофрлачка граната од 70 mm од Прва Светска Војна

Поплавен кејот во Велес – 24info.mk

ЗНАМ: Однесувањето на Филипче предизвикува историски транфер на разочарани членови од СДСМ кон ЗНАМ