Утрински Весник
Свет

Силен земјотрес во Јапонија – 24info.mk

4ab37aa0 97ea 4a63 9893 abbf3cbe073a.png
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди западниот јапонски регион Чугоку, по што следеа низа силни последователни потреси, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.

Епицентарот на првиот земјотрес бил во источната префектура Шимане, соопшти агенцијата, додавајќи дека нема опасност од цунами. „Чугоку Електрик Пауер“, која управува со нуклеарната централа Шимане, која е оддалечена околу 32 км, соопшти дека работењето на нејзината единица број 2 продолжува нормално.

Јапонската агенција за регулирање на нуклеарната енергија соопшти дека немало нерегуларности по земјотресот. Втората единица на централата беше рестартирана во декември 2024 година, прв пат откако сите нуклеарни централи во Јапонија беа затворени по катастрофата во Фукушима во март 2011 година.

Земјотресот имал сеизмички интензитет од 5 степени според јапонската скала од 1 до 7, доволно силен за да го отежни движењето без поддршка. Железничкиот оператор „Вест Јапан Рејлвеј“ соопшти дека услугите на брзите возови на погодените делови се суспендирани по земјотресот.

Можете да прочитате

Сенатот на САД започна постапка за забрана на нови воени акции против Венецуела без одобрение од Конгресот

Русија: Запленувањето на танкерот од страна на САД е грубо кршење на фундаменталните принципи

Зимска бура ја зафати Германија, се очекуваат екстремни услови