Утрински Весник
Македонија

Кривична пријава за управник на одморалиште на МВР во Охрид, овозможил на готвачка да зема плата и боледување додека била во странство

Image 2026 01 05 134601848.png
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до надлежното Основно јавно обвинителство Охрид, поднесе кривична пријава против С.М. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластувања” по член 353 од Кривичниот законик.

Пријавениот, управник на одморалиште на МВР во Охрид, во периодот од 02.02.2025 до 05.02.2025 и од 21.05.2025 до 26.05.2025 евидентирал дека вработената Ј.И. – готвач во одморалиштето доаѓала на работа и извршувала работни активности, иако таа била надвор од границите на државата.

Пријавениот, исто така, во периодот од 28.05.2025 до 30.11.2025 евидентирал дека вработената Ј.И. користи боледување, иако од матичен лекар не ѝ биле издадени обрасци за привремена спреченост од работа.

Со наведените дејствија, пријавениот овозможил Ј.И. да се стекне со противправна имотна корист во висина од 253.834 денари, износ за кој е оштетен буџетот на Министерството за внатрешни работи. 

Одделот за внатрешна контрола против двајцата поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина, додека против С.М. изрече задолжителна мерка отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка, а против J.И. изрече задолжителна мерка за поведување на постапка за надомест на настанатата штета.

Можете да прочитате

УХМР со предупредување до граѓаните: Врнежи, снег и опасност од свлечишта

Кочани организира тивок собир за жртвите од трагедијата во Кранс-Монтана

Патот Тетово–Бањиче привремено затворен, екипи работат на расчистување