Утрински Весник
Македонија

Во прекин сообраќајот за камиони на ГП Меџитлија

20251209121541 big 730x400 68.webp.webp

Од 09:00 часот сообраќајот за ТМВ на ГП Меџитлија е во прекин.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба.

Можете да прочитате

Несреќата во Кисела Вода ја зема првата жртва, тројца други се борат за живот

ДПИ со засилени акциски контроли на продажба на вештачки ѓубрива

МВР: Двајца работници се извлечени од затрупувањето во Кисела Вода