Утрински Весник
Македонија

Хорор во Скопје: Дедо го нападнал внукот со нож

Noz.png

На 03.01.2026 година во 22:15 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода И.С. (65) од Скопје.

Апсењето било извршено по претходна пријава дека истиот околу 15:00 часот во семејниот дом на подрачјето на општина Гази Баба физички го нападнал својот малолетен внук, при што, според пријавата, употребил и остар предмет.

За настанот е известен надлежен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок против осомничениот.

Можете да прочитате

Претрес во Македонски Брод, пронајдена дрога, приведено едно лице

Во Берово и Крива Паланка минусни утрински температури

Брвеница в недела избира градоначалник, денеска гласаат болните и изнемоштените