Утрински Весник
Македонија

Касами со апел: Екстремен мраз на улиците, граѓаните да останат дома

Img 5358.jpeg

Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами, преку објава на Фејсбук ги предупреди граѓаните за сериозната состојба на патиштата поради ниските температури и појавата на мраз на улиците во градот и тетовските села.

Како што информира Касами, патиштата се исклучително лизгави, а веќе се евидентирани и бројни сообраќајни несреќи, што претставува реален ризик по животите и безбедноста на граѓаните.

Тој упати апел до сите жители да не ги напуштаат своите домови, ниту со возило ниту пешки, освен во неопходни и итни случаи.

Воедно, градоначалникот информира дека надлежните екипи се на терен и преземаат мерки за подобрување на безбедноста во сообраќајот, апелирајќи до граѓаните за внимателност и разбирање.

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова поддржува укинување на пржинската влада, двојно државјанство вели не треба да има и за претседателот на државата и за министрите

Николоски: Фокусот на Владата е да изгради модерни транспортни коридори

Скопје со стотици градилишта и само 7 инспектори за безбедност при работа