Утрински Весник
Балкан

Туркиш ерлајнс инвестира две милијарди евра за карго терминал и нови работни места

Avion.jpg

Инвестицијата на „Туркиш ерлајнс“ ќе изнесува 100 милијарди турски лири, што е приближно две милијарди евра. Авиокомпанијата соопшти дека изградбата на карго терминал и угостителски објект ќе создаде 26.000 нови работни места.

Сепак, компанијата не објави на која локација ќе биде изградениот карго терминал и ресторанот. Седиштето на „Туркиш ерлајнс“, една од најголемите авиокомпании во светот, се наоѓа во Истанбул. Компанијата поседува 514 авиони и годишно превезува повеќе од 85 милиони патници и два милиони тони товар.

Можете да прочитате

Уапсен Македонец во Србија, се претставувал како хирург и мамел граѓани!

Остри реакции по нападот на православната црква во Загреб: „Чин на безумие“

Марта Кос: Почнува изготвувањето на договорот за членство на Црна Гора во ЕУ