Утрински Весник
Свет

Голем пожар во швајцарски бар – десетици загинати и повредени

Pozar.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Најмалку 40 лица загинаа, а 119 се повредени во пожарот што избувна во 1:30 часот по полноќ во популарниот бар „Ле Констелејшн“ (Le Constellation) во швајцарскиот ски-центар Кран-Монтана. Според првичните информации и сведоштва на очевидци, во барот во моментот на пожарот имало голем број млади луѓе.

Паниката се проширила кога присутните се обиделе да побегнат од подрумските простории, но тесните скали и само една врата како излез го отежнувале бегството. Некои од гостите морале да кршат прозорци за да избегнат чад и пламен, а сведоците пријавиле и експлозии, кои најверојатно биле предизвикани од ослободени запаливи гасови под влијание на топлината.

Шефот на полицијата, Фредерик Гислер, соопшти дека спасувачката акција била масовна. „Во спасувачката операција учествуваа 13 хеликоптери, 42 амбулантни возила, 150 болничари и 70 пожарникари“, рече Гислер. Досега се идентификувани 113 од 119 повредени, кои доаѓаат од различни делови на светот, вклучително и од регионот: 4 Срби и еден Босанец. Најмногу повредени се Швајцарци (71), а меѓу нив има и Французи (14), Италијанци (11), Азијци (14), како и по еден државјанин на Белгија, Луксембург, Полска и Португалија.

Можете да прочитате

Швајцарските власти: Барот во Кран Монтана имал повеќе излези

Четворица повредени од пожарот во Кран-Монтана префрлени на лекување во Германија

Нови правила за патување во ЕУ