Утрински Весник
Спорт

Македонските ракометари ги продолжуваат подготовките

20260102074253 big 730x400 27.webp.webp

Македонската ракометна репрезентација денеска ги продолжува подготовките за претстојното Европско првенство. Националниот тим во првата фаза тренираше во Скопје и Пореч, каде одигра и еден контролен дуел со Хрватска.

Во оваа фаза селекторот Кирил Лазаров ќе може да смета на сите повикани играчи, а тоа значи дека и голманот Мартин Томовски, кој брани во Бундес лигата треба да биде на подготовките, откако го прескокна првиот дел поради клупски обврски.

Репрезентацијата ќе тренира неколку денови во Скопје, а потоа ќе учествува на „Јелоу куп“ во Швајцарија каде ќе одигра три натпревари на турнирот, а противници ќе бидат: Швајцарија, Бахреин и Украина.

Можете да прочитате

Пораз на македонските фудбалерки на стартот на мундијалските квалификации

У17: Втора победа на македонските фудбалерки во евроквалификациите

Каратистите на Макпетрол освоија четири медали на балканијадата во Бања Лука